Почина Александра Стаменовска, истакнат долгогодишен педагог во ООУ „Христијан Карпош“ и директор на ООУ „Крсте Мисирков“ во Куманово.
Таа остави неизбришлива трага во образованието и во животите на многу генерации ученици.
Стаменовска во јануари 2024 беше избрана за директорка на основното училиште „Крсте Мисирков“ од Куманово.
Стаменовска беше дипломиран педагог со 23 годишно искуство во образованието, прво 19 години работела како одделенски наставник, а пред да стане директорка на „Крсте Мисирков“ работеше како педагог во ООУ „Христијан Карпош“.
Сочувство до семејството, пријателите, колегите и до сите што имаа чест да ја познаваат.
Погребот се одржа денеска во 14 часот на градските гробишта.




