По нападите над Изреал се огласи Нетанјаху: Се е подготвено

2909

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека евентуалните воени активности против Иран би вклучувале и копнена компонента, оставајќи отворена можност за понатамошна ескалација на конфликтот.

„Револуциите не се случуваат од воздух – тоа е вистина. Мора да постои копнена компонента. Оваа копнена компонента има многу опции. Нема да ги откријам сите овие опции“, изјави Нетанјаху.

Со оваа изјава, израелскиот премиер индиректно потврди дека се разгледуваат различни сценарија за евентуална воена интервенција, вклучително и распоредување на копнени сили.

Тензиите меѓу Израел и Иран во последниот период значително се зголемени, а ваквите пораки дополнително ја засилуваат загриженоста од поширок регионален конфликт.

Меѓународната заедница внимателно ја следи ситуацијата и повикува на воздржаност, предупредувајќи дека секоја ескалација би можела да има сериозни последици за стабилноста на Блискиот Исток.

Претходна вестГолема полициска акција во Македонија – приведени 16 лица
Следна вестПочина Драги Гроздановски