Писториус: Украина е само почеток за Путин, Русија се вооружува за повеќе од „само војна со Украина“

131

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска предупреди дека Русија брзо се вооружува за повеќе од војната во Украина, пишува ДПА.

„Гледаме дека Русија брзо го зголемува производството на оружје и драматично ги зајакнува своите вооружени сили. Сето ова го отстранува сомнежот: за Русија, за Русија на Владимир Путин, Украина е само почеток“, рече Писториус во Вилнус.

Тој нагласи дека германскиот Бундесвер е подготвен „да стане централен столб на конвенционалното одвраќање и одбрана во Европа“.

Во овој контекст, тој ја истакна улогата на Германија како центар за брз трансфер на силите на НАТО од Атлантикот на источното крило.

Според договорот со Литванија, германската влада трајно стационира борбена и автономна бригада на Бундесверот во таа земја. Таа единица треба да профункционира до 2027 година.

Формирањето на бригадата е одговор на руската инвазија на Украина и ја одразува променетата слика за безбедноста во Европа. Германската бригада ќе има до 5.000 војници.

Првично, тие привремено ќе бидат лоцирани во литванската касарна во близина на Вилнус, а потоа во сопствените бази во Рудникаја и Рукла, околу триесет километри јужно и осумдесет километри северозападно од Вилнус.

претходниот член,Свекрва по грешка ја отворила вратата од кампер во движење, што го возела снаата
Следната статијаТурција и Германија имаат рок од шест месеци да го решат спорот за рецептот на донер кебап