Перо Костадинов, потпретседателот на СДСМ поднесе оставка: Најважни се слободата, мирот и напредокот на Македонија

3083

Градоначалникот на Валандово и потпретседател на СДСМ, Перо Костадинов се огласи преку социјалните мрежи:

Почитувани граѓани и драги сопартијци, по изборните резултати, поднесувам оставка од мојата партиска функција, потпретседател на СДСМ.

Најважни се слободата, мирот и напредокот на #Македонија. Граѓаните, денес гласаа на демократски избори, и на слободен начин ја изразија сопствената волја.

Како држава, можеме да продолжиме напред само преку заедништво и добронамерност. Потребни ни се внатрешни и надворешни партнерства, силни институции и интеграција на земјата во ЕУ. Сонот за подобар живот дома, е на сите нас.

#СДСМ ќе се реформира, затоа што му е неопходна на општеството. Како државотворна партија која секогаш ја негува демократијата, ја гарантира слободата на граѓаните и никогаш не поттикнува меѓуетнички судири, како столбови на нашиот опстој.

Претходна вестСилјановска досега доби 506 955 гласови
Следна вестНад 99% обработени гласови: ВМРО-ДПМНЕ загуби еден пратеник, ДУИ има повеќе од СДСМ, ЗНАМ доби уште еден – Левица остана на 6