Вирусот Марбург, многу сличен на еболата, во последните години уби стотици луѓе, главно во африканските земји.
Неодамна, 12 лица починале од вирусот во Руанда, што предизвика голема загриженост за неговото ширење во Европа.
Пред неколку дена патници беа евакуирани од воз во Германија бидејќи имало маж кој неодамна отпатувал за Руанда и развил симптоми слични на грип. Две лица, за кои се стравувало дека се заразени, биле евакуирани од возот во целосна заштитна опрема, но подоцна тестот бил негативен.
Еден од 300-те лица под надзор патувал и од Руанда во Белгија, но не се сметал за опасен бидејќи поминал 21 ден откако бил во контакт со заразено лице.
Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), вирусот е фатален за половина од луѓето што ги инфицира.
Последната епидемија е откриена во септември годинава, а досега 300 лица се под надзор, додека вирусот е потврден кај 46, пишува Индипендент.
Повеќето од жртвите во Руанда се здравствени работници на интензивна нега, потврди министерот за здравство на Руанда.
Времето помеѓу инфекцијата и почетокот на симптомите може да варира и обично е помеѓу два и 21 ден. Промената ќе се почувствува „наеднаш“, велат од СЗО, почнувајќи од висока температура, силна главоболка и болки во мускулите.
Повеќе симптоми обично се појавуваат по три дена, обично вклучуваат: водена дијареа, стомачна болка, гадење и повраќање.
СЗО наведува дека е специфично тоа што пациентот во оваа фаза „има изглед на дух, длабоко всадени очи, безизразен израз на лицето и се крајно летаргични“.
Потешкиот облик на оваа треска ги има следните симптоми, како што се болки во грлото, главоболка, малаксаност, ниска температура, дијареа и промени на кожата.
Кога станува збор за лекувањето на овој вирус, засега нема специфичен лек, но се лекува симптоматски.