Граѓаните ќе можат да ја тужат државата поради загаден воздух

585

Граѓаните се почесто се охрабруваат да тужат поради нарушена здравствена состојба како директна последица од нездрава животна средина.

Токму поради вакви иницијативи, Врховниот суд го утврди својот начелен став – граѓаните имаат право да ја тужат Државата за повреда на правото на здрава животна средина, бидејќи тоа е уставно загранатирано право.

Ставот на Врховен ќе биде обврзувачки за сите институции.

Повреда на правото на здрава животна средина и правото на чист воздух значи дека овластените лица – претставници на државната власт или службените лица кои работат во органите на државната управа ќе треба да одговараат пред законот доколку се товарат за непревземање на конкретни активности и законски обврски кои се од нивна надлежност.

Проф.Борче Давитковски со сериозни критики до Уставниот суд но и до јавните органи за кои според него треба да се стават на ѕидот на срамот поради недејствување.

Проф. Давитковски тврди дека Уставниот суд не може да ги толкува тужбите од граѓаните како поединечни акти како што досега била праксата што и ги амнестирала јавните органи од одговорност за нечиста животна средина.

Сатистиките од Институтот за јавно здравје поразителни – на годишно ниво од 4 – 5 илјади граѓани умираат од загаден воздух, а 1 од 10 родени бебиња починува од оваа причина. Податоците покажуваат дека во последните 7 години, гонењето на кривични дела против животната средина во однос на вкупниот број на извршени кривични дела е помалку од 1 %

претходниот член,Пациентот личи на дух – Вирус сличен на ебола се заканува низ Европа, 300 луѓе се под надзор
Следната статијаТАЖНАТА ВЕСТ БРЗО СЕ ПРОШИРИ ВЕЧЕРВА: Почина младата ракометарка која имаше само 20 години, пријателите и роднините се опростуваат од младата девојка Бјанка