За разлика за пензијата од претходниот месец, кога парите легнаа на сметките на 04. мај, еве кога ќе се случи исплатата овој пат.
Пензионерите во Македонија кои се корисници на услугите на Стопанска банка во текот на вчерашниот ден, 27.мај, добија одлична вест преку СМС порака и пријатно изненадување пред почетокот на месецот.
Банката донесе одлука за предвремена исплата на мајските пензии, што со сигурност ќе го олесни домашниот буџет на голем број семејства.
Голем дел од корисниците на оваа банка во текот на вчерашниот ден ги добија официјалните СМС известувања на своите мобилни телефони. Во пораката испратена од Стопанска банка се вели:
„Ве информираме дека исплатата на пензијата на Вашата платежна сметка ќе биде на 28.05.2026 година“, пишува во СМС пораката.
Со оваа предвремена исплата, корисниците на Стопанска банка ќе можат уште од денес да располагаат со своите средства преку мрежата на банкомати, со користење на картичките во трговската мрежа или преку услугите за електронско банкарство..
За оние кои претпочитаат подигнување на готовина на шалтер, се очекува исплатата во филијалите да се одвива непречено, но согласно со вообичаениот распоред.
Имено, за претстојниот празник, филијалите на Стопанска банка АД- Скопје нема да работат во петок, на 29. мај (Духовден)




