Отворање на нови простории на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства

111

СОС Детско село денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на детето и Денот на згрижувачките семејства со цел да се подигне свеста за важноста на згрижувањето и за поддршка на луѓето кои со љубов и посветеност се грижат за децата без родителска грижа.

-Покрај симболиката на признание за згрижувачките семејства, овој настан ќе биде одбележан и со свечено отворање на новите простории на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства, како и специјализираното Одделение за психолошко советување и специјално образование со рехабилитација за деца со комплексни трауми, соопшти СОС Детско село.

Новите капацитети се дел од регионалниот проект „Надминување на системски празнини – Поддршка на реформите во системот за заштита на децата“, финансиран од Министерството за економска соработка и развој на Германија, во партнерство со германската организација HGFD.

Како што е најавено, на настанот ќе се обратат претседателот на организацијата Александар Трајковски, заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски и националната директорка на СОС Детско село, Јулијана Накова Гапо.

Претходна вестФЗОМ не им дава надоместок на плата за боледување на дел од преживеаните во „Пулс“
Следна вестДОМ ја повтори својата поддршка за една изборна единица