Одликуван руски полковник загинал во терористичкиот напад во Москва спасувајќи ги сопругата и синот

207

Рускиот полковник Тимур Мјасников, загинал како последица на терористичкиот напад во „Крокус сити“ центарот во Москва, истовремено успевајќи да ги спаси сопругата и синот од смрт.

Полковникот кој била на одмор од фронртот, со семејството отишол на концерот на групата „Пикник“на 22 март. Кога почнала престрелката, офицерот успеал да ги извлече сопругата Полина и синот Руслан од пукањето, но самиот наишол на силен оган од терористите, при што добил три куршуми.

По неколку дена в болница Мјасников починал од раните. Иако лекарите направиле се за да го спасат, „Крокус“ центарот станал последното бојно поле за полковникот. Воинот до крај останал доследен на должноста, штитејќи го своето семејство по цена на сопствениот живот.

Во чест на полковникот Тимур Мјасников во Москва се одржа свечено збогување“, изјавил Артур Маливанчук, шефот на огранокот Самара на организацијата Офицери на Русија.

Полковникот Мјасников го завршил военото училиште Суворов и Воениот универзитет, служел во Третата бригада за специјални сили и Генералштабот на руските вооружени сили, а последните две години ги поминал на фронтот во Украина.

За време на службата, Мјасников добил многу воени награди и медали.

претходниот член,Најбогатите Американци станаа уште побогати за два трилиони долари
Следната статијаСедум работи кои никогаш не треба да ги изговорите по сексот