Новороденче почина во Битолската болница, таткото вели 18 часа не му кажувале што се случува со него

5418

Новородено машко бебе починало во Битолската болница.

Оттаму велат дека бебето било пренесено на Клиниката за детски болести во Скопје, од каде велат дека бебето било донесено во клиниката без знаци на живот.

На новороденчето му се влошила состојбата по раѓањето во битолската болница, а таткото Драгољуб Китоски тврди дека 18 часа не му било соопштено дека нешто со неговото дете не е во ред, а со тоа му била одземена можноста да го спасува во други болници.

-Моето бебе Лука беше родено добро во битолската болница во петокот, но од мистериозни причини, после 18 часа криење од страна на персоналот на неонатологија во болницата во Битола ми беше соопштено дека е во критична состојба и мора да се транспортира итно за Скопје, а неколку часа подоцна ни се јавија дека го изгубиле за време на транспортот, вели за „Слободен печат“ Драгољуб Китоски од Ресен, татко на бебето.

претходниот член,Страотна несреќа ја потресе Македонија: 19-годишно момче го загуби животот
Следната статијаСлучајот Данка: Адвокатот на осомничениот со шокантно тврдење – со сигурност го знам тоа