Нова несреќа на патиштата во државата: Настана карамбол, се судрија ТРИ автомобили – има повеќемина повредени, МВР излезе со детали

272

Во изминатите 24 часа се случија околу 10-тина сообраќајни несреќи во Македонија, кои беа пријавени во полицискиот билтен.

Како што соопштија од СВР Струмица, шест лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила утрово во 03:40 часот на булеварот „Маршал Тито“ во Струмица.

Во сообраќајната несреќа учествувале три автомобили, сите со струмички регистарски таблички. Во првиот автомобил, марка „ауди“ управувано од К.Р. (25) од Струмица, „опел астра“ управувано од К.Ш. (29) од село Гечерлија, струмичко и „бмв“ управувано од А.С. (26) од село Ангелци, струмичко.

Како што стои во полицискиот билтен, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ј.С.(24), сопатник во патничкото возило „ауди“, а со телесни повреди се здобиле возачите на патничките возила „ауди“ и „опел астра“, како и М.Ш и А.Д., сопатници од патничкото возило „опел астра“ и В.М.Ѓ., сопатник од патничкото возило „ауди“.

Увид на местото извршила увидна екипа на Полициската станица Струмица, додека повредите биле констатирани од лекар во Медицински центар Струмица

претходниот член,Почина еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, кој бше осуден во аферата „Шпион“ – според осудените една од најголемите местенки во Македонија
Следната статијаЛошата вест брзо се прошири: Пронајдено мртво машко тело во скопско – имал само 28 години