Нивните тела се најдени во семејната куќа во Бездан: Томислав го убил синот единец, па си пресудил на себе

1861

Во семејната куќа во Бездан кај Сомбор, Србија 48-годишен маж со неколку истрели од огнено оружје си го убил синот (20), а потоа си го одзел животот, потврдија за Танјуг од сомборската полиција и Обвинителството.

На трагедијата и претходела вербален конфликт, а причината не е позната.

Несреќата ја пријавила постара жена која во тој момент била во куќата, за која постои сомнеж дека е мајка на лицето кое го извршило убиството и самоубиството, дознава Танјуг.

Се сомнева дека оружјето со кое е извршено убиството и самоубиството било нелегално поседувано, а според соседите, семејството не се сметало дека е во конфликт и велат дека живееле во Австрија и дека дошле во Бездан на одмор.

Телата се испратени на обдукција во Нови Сад, а понатамошната истрага на надлежното Вишо јавно обвинителство во Сомбор ќе ја утврдува причината за оваа трагедија.

претходниот член,(ВИДЕО) Ова се уште не сте го виделе:: Ги направил забите во Турција, излезе во клубот и стана хит
Следната статијаД-р Лазаров: Сите вработени во ЗОО заедно со овие стручњациве у скафандер без маска да идат у изолација