Николовски со гордост: Украина учи од нас за евроинтеграцискиот процес

205

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, неделава, ќе биде домаќин на украинската делегација, предводена од заменик министерот за земјоделска политика и храна на пријателска Украина, Маркијан Дмитрасевич.

Украина е во почетна фаза на правните прилагодувања, кон законодавството на Европската Унија, во делот на Законот за земјоделство, воспоставување на Платежна агенција и ИАКС, како и користење на предпристапните средства од ЕУ.

Северна Македонија е посочена од Европската Комисија како една од земјите која е најнапредно ниво во делот на усогласеноста на земјоделскиот сектор со европските земјоделски политики и законодавство и користењето на средствата од #ИПАРД, во однос на останатите земји кандидати за членство во ЕУ што ме прави посебно горд и е само уште една потврда за добро завршената работа.

За важноста на посетата на украинската делегација сведочи и информацијата според која DG Near е известено дека нивната делегација е во Северна Македонија како дел од подготовките за скринингот што им следи.

„Работната посета, треба на украинската делегација, да и овозможи размена на македонските искуства за успешно воспоставување на политиките и системите во делот на Интегрираниот Систем за Администрација и Контрола на државната поддршка во земјоделството и руралните средини (ИАКС), искуствата од воспоставување на ЕРЗС, ЛПИС и ФАДН, подготовките за користење на ИПАРД програмата и функционирањето на Платежната агенција“, изјави министерот Николовски.

„Нашата држава е посочена од Европската Комисија, како една од земјите, која е на најнапредно ниво во делот на усогласеноста на земјоделскиот сектор со европските земјоделски политики и законодавство и користењето на средствата од ИПАРД, во однос на останатите земји кандидати за членство во ЕУ што ме прави посебно горд и е само уште една потврда за добро завршената работа“, изјави по средбата министерот Николовски.

За време на официјалната посета, нашите украински колеги, ќе остварат посета на Платежната агенција, додека на теран презентирана ќе биде успешна ИПАРД приказна, претставена преку винаријата Мовино во Росоман.

Претходна вестСитуацијата повторно тензична: Изреал само што објави – повредени се 4 наши војници, тоа е дело на Хезболах?
Следна вестБојмацалиев во посета на СВР-Штип и ОВР-Свети Николе