„Ни ГПС нема да те најде“…„Пакувај куферите и бегај од државава“ – ВМРО-ДПМНЕ со отворени закани кон Пендаровски

225

Кампањата за претседателските избори влегува во втората половина и очекувано, на десеттина денови пред изборите реториката меѓу кандидатите од ден на ден се разгорува се повеќе.

Но се чини во напливот на емоции, кандидатите и партиските лидери многу лесно ја минуваат границата на политичката коректност и домашно воспитување.

Тоа, особено е забележливо кај ВМРО-ДПМНЕ.

Откако порталот ПоралИкс објави документи кои ја разоткриваат наводната шема на нарачани анкети, во ВМРО-ДПМНЕ како да се намали точката на толеранција па оттаму почнаа да испорачуваат директни закани кон најсериозниот противкандидат Стево Пендаровски.

Прв започна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој порача дека после 8 мај и поразот на изборите, „ниту ГПС нема да го пронајде Пендаровски“ што ако се толкува буквално значи дека по изборите Пендаровски може да се води како исчезнато лице (еден од првите моменти при насилно грабнување лице е тоа што телефонот станува исклучен и истиот не може да се најде преку ГПС сервисот)

По Мицкоски, со конкретни закани излезе и носителката на листата во изборната единица шест, Дафина Стојаноска која нарекувајќи го Пендаровски Стево Курбла му порача на актуелниот претседател да бега од државата.

„Претседател наш – „голем” маж! Затоа – не, благодариме! Стево – нула два, никогаш не беше и не може да биде наш. Тој беше сечиј, само наш не. Затоа, Стево, пакувај тоа куферите и бегај што подалеку од Македонија“ порача Стојаноска на вчерашниот митинг со што меѓу редови му се закани на Пендаровски по изборите присилно да се отсели од државата.

Во ваквите напади и отворени закани, дури и наивно делува квалификацијата дека Пендаровски е „слеп“ (послушник) за човек кој со години има сериозна диоптрија на очила.

Земајќи ја предвид целата комуникација, на одреден начинстанува јасно дека партијата на Мицкоски и не е толку убедена во „шестцифрено водство во првиот круг“ како што се комуницираше пред почетокот на кампањата, па оттаму во ВМРО-ДПМНЕ решиле да ги засилат нападите и заканите кон Пендаровски.

Дали навистина целта ги оправдува (нечесните) средства на ВМРО-ДПМНЕ или партијата навистина е во паника, ќе стане многу појасно веќе по првиот круг од паралемтарните избори.

Претходна вестИнцидент во ресторан во Струга: Искршени возила, претепан вработен…
Следна вестСинот на Станковиќ е во болница: Имаме многу важен „натпревар“, мора да бидам со него!