Невреме во Македонија – УХМР со важна информација

155

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во повеќе делови од земјата.

Според прогнозата, на одделни места се очекуваат поинтензивни атмосферски процеси во форма на невреме, проследени со пообилни врнежи од дожд, силен ветер, грмежи и изолирана појава на град.

Утринските температури ќе се движат од 10 до 18 степени, а максималните дневни ќе достигнат од 25 до 34 степени Целзиусови.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со услови за локална нестабилност во одделни делови од котлината, каде што се можни пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Од УХМР апелираат граѓаните да бидат внимателни поради можноста од локални невремиња и нагли временски промени во текот на денот.

Претходна вестУжас ја потресе Македонија: Тешка сообраќајна несреќа – младо момче префрлено во болница