Неофицијално објавени млекарите кај кои се откриени големи отстапувања од декларациите, во павлака пронајдени растителни масти

2270

Голем дел од млечните производи кои се продаваат на домашниот пазар покажуваат сериозни отстапувања во составот во споредба со она што е наведено на нивните официјални декларации.

Според неофицијалните резултати од направените лабораториски анализи, кај повеќе млекари е утврдено намалено количество на млечни масти и протеини, а во еден случај е детектирано и присуство на растителни масти.

Кај мешаниот кашкавал на млекарата „Милком“, наместо декларираните 34.5% млечни масти, анализите покажале 30%. Слично отстапување е нотирано и кај мешаното сирење на млекара „Маврово“, каде се из измерени 17.5% масти, иако на декларацијата стои 24.5%.

Сериозни разлики во параметрите се пронајдени и кај производите на млекарата „Сентис АГ“ од Тетово. Нивното УХТ млеко има 2.85% млечни масти наместо декларираните 3.2%, а протеините изнесуваат 3% наместо запишаните 3.5%. Исто така, киселата павлака на овој производител содржи 14% млечна маст, иако по декларација е наведено дека треба да биде 18%.

Проблеми со составот се евидентирани и кај козјото сирење на млекарата „Ѓорѓиеви“, каде анализите измериле 16.3% млечна маст (декларирани 23%) и 14.6% протеини (декларирани 18.8%). Кај Тетовската млекара, мешаното сирење покажало 19.8% млечна маст, наспроти декларираните 23%.

Кај увозните производи, драстична разлика е воочена кај Златиборското ситно сирење од млекарата „ПК Златибор“ од Србија, каде наместо 14.3% млечна маст, лабораторијата измерила само 1.19%. Кај урдата на „Бела фарм“ се пронајдени 5.54% млечни масти, иако на пакувањето е наведена вредност од 25%.

Кај брендот за кравјо сирење на „Млекара-Продукт“, млечната маст изнесува 11.4% наместо 15%, додека протеините покажале повисока вредност, односно 15% наместо декларираните 12%.

На крајот, анализите покажале дека млечната павлака со пиперка од млекарата „Норд милк“ е позитивна на присуство на растителни масти, што е во спротивност со карактерот на чист млечен производ.

Извор: Прес24

Претходна вестУХМР објави мапа: Невреме во делови од Македонија – еве во кој правец се движи
Следна вестЗапочна реконструкцијата: Падна еден од најблиските соработници на Мицкоски