Не е само прекинот, Аца Лукас морам да плати и ПАРИЧНА КАЗНА – еве ги најновите детали

979

Министерсtвото за внатрешни работи ги потврди информациите за синоќешниот прекин на концертот на Аца Лукас во кафетеријата „Рома“ во Кавадарци. Во нивното соопштение- билтен се вели „ Утрово во во 00:10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го приведоа А.В. (57) од Република Србија. При вршење на акциска контрола во угостителски објекти на подрачје на Кавадарци, од страна на полициски службеници од ОВР Кавадарци, Одделение за криминалистички работи при СВР Велес, инспектор за странци од Регионален центар за гранични работи Југ, заедно со Државен пазарен инспекторат, Државен инспекторат за труд и Управа за јавни приходи“.

Инспекторите констатирале дека во угостителски објект во Кавадарци Александар Вуксановиќ познат под псевдонимот Аца Лукас настапувал без потребната дозвола, па поднеле прекрошочна пријава по член 217 ств 1 точка 2 од Законот за странци што предвидува глоба во износ од 50 до 250 евра во денарска противредност за прекршок на странецот ако престојува во Македонија во спротивно со наведената цел и причини на престојот. Лукас бил изнесен пред основниот суд во Кавадарци и по итна постапка од дежурен судија за прекршоци паричната казна му била изречена.

„При контролата во истиот угостителски објект констатирани се прекршоци од страна на УЈП за неиздавање на фискална сметка, прекршок согласно Закон за пушење, a од страна на ДПИ е констатирано дека во објектот се присутни поголем број на гости од дозволениот број, за што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“ – информира СВР Велес.

Институциите вклучени во прекинот на концертот сеуште нема потврда на наводите од српските медиуми дека местото каде што настапуваше Аца Лукас беше регистрирано како кафетеријабез лиценца за вакви настапи, со максимален капацитет од 200 луѓе, а во моментот на рацијата во објектот и околу него имало најмалку 500. Нема потврда од инспекторите на УЈП, ДПИ и Инспекторатот за работ на странци дека нелегално се продавале влезници за 1.000 денари, дека се продавале и ваучери по 18.000 денари без фискални сметки и дека гостите очекувале да биде промовирана криптовалута Лукакоин.

Претходна вестЛошата вест брзо се прошири: Поплавите ја зедоа и првата жртва – по големите поплави, спасувачите не успеале да спасат жена во Албанија
Следна вестОгромна мобилизација на полицијата во Белград: Убиен е лидер на навивачка група – хаос на терен