Над 40 камери прегледани и над 15 лица сослушани во врска со убиството на докторот во Железара

135

Од Министерството за внатрешни работи велат дека се врши и дополнителна криминалистичко-техничка обработка на возилото, се обезбедуваат листинзи од телефонските броеви и се врши нивна анализа.

Над 40 камери се прегледани, вклучувајќи ги и камерите од „Безбеден град“ и извршени се службени разговори со повеќе од 15 лица во врска со случајот со лекарот кој во четвртокот вечерта беше пронајден мртов со убодни рани на паркингот кај поликлиниката Железара.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека се врши и дополнителна криминалистичко-техничка обработка на возилото, се обезбедуваат листинзи од телефонските броеви и се врши нивна анализа.

– Истрагата е во напредна фаза. Единицата за насилен криминал при СВР Скопје во содејство со ОЈО интензивно работат на расчистување на случајот, велат од МВР.

Шесесет и седумгодишниот лекар кој работел како матичен лекар беше пронајден минатата недела во неговото возило со убодни рани по телото. Според пријавата во полиција, телото го пронашле неговите синови откако тој не се вратил од работа.

Матичните лекари денеска од 12 до 16 часот во знак на револт денеска прекинаа со работа барајќи построги казни за напад врз здравствените работници, а Лекарската комора во петокот побара итна разрешница на случајот. Денеска, и министерот за здравство Илир Демири изрази жалење и побара од истражните органи да ја спроведа истрагата.

претходниот член,УДАРНО: Шварценегер итна операција
Следната статијаЌе има ли драми: Утре ќе се слушнат Џафери и Ангелов – ЕДНО НЕШТО Е ЈАСНО, нема да остане како до сега