Сопругата на Александар Нешовиќ, Јелена М., се огласи на социјалните мрежи со емотивна порака откако беше пронајдено тело за кое постои сомнеж дека му припаѓа на исчезнатиот белградски угостител.
Во објавата таа се прости од својот сопруг и им се заблагодари на сите кои во изминатите денови ѝ пружале поддршка и се надевале на негово безбедно враќање.
„Љубов моја, моја потпоро, моја сила… Животот по тебе ќе биде тежок и болен, но ме научи да бидам силна поради себе и нашето дете. Благодарам на сите што ми испраќавте поддршка и ми дававте сила во најтешките моменти. Благодарам на сите што прашуваа за него и се надеваа дека ќе ни се врати жив и здрав. Твоја засекогаш“, напиша таа.
Телото кое беше пронајдено во буре во близина на Инѓија е испратено на обдукција и ДНК анализа за официјално утврдување на идентитетот и причините за смртта.
Според српските медиуми, на телото биле забележани траги од горење, а истражителите проверуваат сомнежи дека по убиството било направено обид за прикривање на злосторството. Наводно, само дел од телото бил зафатен од пожар.
Во истрагата се проверуваат и предмети пронајдени на телото, меѓу кои и долна облека што одговара на описот што претходно го дала сопругата на Нешовиќ.
Според досегашните информации, Александар Нешовиќ наводно бил убиен на 12 мај во ресторан во белградската населба Сењак, а потрагата по него траеше повеќе денови. Надлежното обвинителство продолжува со истрагата за целосно расветлување на случајот.




