На Детската клиника во Скопје починало 5-годишно девојче, имало воспаление на мозокот

1039

Петгодишно девојче починало од воспаление на мозокот на Клиниката за детски болести во Скопје.

Според информациите од Клиниката, девојчето од Скопје кај нив било хоспитализирано пред две недели поради силна главоболка.

Најпрвин било лекувано на одделот за неврологија, но минатата недела состојба ѝ се влошила и ја префрлиле на одделот за интензивна нега каде ѝ била направена и интубација, но, како што велат од Клиниката, и покрај сите напори на медицинскиот кадар не успеале да го спасат детето кое развило менинго-енцефалит, а пред два починало.

Од ДСЗИ информираат дека и за овој случај ќе извршат вонреден инспекциски надзор, по што ќе ја информираат јавноста за фактичката состојба околу третманот на детето.

За еден месец ова е трет смртен случај на дете на Клиниката за детски болести.

Претходна вест(ВИДЕО) Револуција во Кочани: Ни се закануваат ама нема да се откажеме – Ова веќе не се трпи
Следна вестСредствата се веќе на сметките на граѓаните – Исплатен додатокот кој долго се чекаше