МУ ОТКАЖАЛ БУБРЕГОТ – Еден од обвинетите за убиствата на Вања и Панче е во тешка состојба на Клиника

2465

Во многу лоша здравствена состојба се наоѓа велешанецот Боре Видевски, еден од обвинетите за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.

Како што објави Радио Слободна Европа, со речиси откажан бубрег Видевски е префрлен на Клиниката за нефрологија.

Неговиот адвокат Бојан Манев во изјава за РСЕ вели дека Видески во неконтактибилна состојба вчера утрото бил транспортиран од притвор на Клиниката.

Тој во минатото имал трансплантиран бубрег, и веќе подолго време се жалел на болки.

Видевски се наоѓа во притвор од почетокот на декември лани кога беше уапсен како осомничен за делата. И претходно во неколку наврати е носен на интервенција на Клиника.

Адвокатот Бојан Манев вели дека причина за влошената здравствена состојба на Видевски е недоволниот лекарски надзор во затворот во Шутка. Докторите од Нефрологија го информирале дека веднаш му била направена вонредна дијализа, а моментално не бил контактибилен.

Од Нефрологија не прецизраат колку време Видевски ќе остане на лекување. Според распоредот на судот, тој во понеделник треба да седне во обвинителната клупа.. Од Кривчниот суд за Сител велат дека се информирани за состојбата на обвинетиот, а по инфомрациите од здравствената установа, најдоцна до петок ќе одлучат дали закажаното рочиште за 7 октомври ќе го одложат.

претходниот член,СВЕТОТ ТРЕПЕРИ: Започна нова војна – Израелската армија влезе во Либан
Следната статијаСтрашна вест ја потресе Македонија: Прегазена 21-годишна девојка, возачот побегнал – ова се деталите