МНР препорачува да не се патува во Израел, Иран, Либан…

167

Следствено на информациите за можно влошување на безбедносните состојби во Израел и регионот, Министерството за надворешни работи упатува апел до државјаните на Република Северна Македонија да избегнуваат патувања кои не се неопходни, во Израел, Иран, Либан и Палестинските територии.

Во оваа прилика, посочуваме на дежурниот телефон на Амбасадата на Северна Македонија во Тел Авив + 972 549 267 378 (мејл адреса telaviv@mfa.gov.mk ) како и дежурните телефони на Министерството за надворешни работи +389 75 273 732/ +389 268 736 (меил адреса globalsos@mfa.gov.mk ).

Претходна вест(ВИДЕО) Хорор во трговски центар во Сиднеј, неколку лица прободени со нож
Следна вестШефот на украинската армија: Ситуацијата на бојното поле многу се влоши, Русите се во офанзива