Многу негови обожаватели ќе бидат среќни: Никола Груевски се враќа во Македонија?

50

На денешната седница за пратенички прашања, пратеникот на СДСМ, Миле Талевски, обвини дека одредени структури во Владата и во ВМРО-ДПМНЕ подготвуваат терен за враќање на поранешниот премиер Никола Груевски во Македонија и негово евентуално амнестирање. Тој истакна дека политиките на актуелната власт се повторување на, како што ги нарече, „матриците на Груевски“.

Талевски упати пратеничко прашање до министерот за правда, Игор Филков, барајќи јасен одговор дали Министерството има поднесено ново или обновено барање за екстрадиција на Груевски, кој се наоѓа во бегство.

„Во јавноста, но и во политичките кругови, се зборува за нешто што сериозно ја загрижува македонската јавност – дека одредени структури во Владата и во ВМРО-ДПМНЕ активно работат на создавање услови за враќање на Никола Груевски и негова амнестија,“ рече Талевски.

Тој додаде дека до него дошле информации, како што тврдеше, од луѓе блиски до власта, според кои постои „план и сценарио“ за создавање атмосфера во која бегалецот од правдата би се вратил во земјата.

Во своето излагање, Талевски предупреди дека политиките на актуелната владејачка структура се целосно во линија со практиките на Груевски: злоупотреба на институциите, притисоци врз независни тела, партиска употреба на полицијата, АНБ, УЈП и инспекциските служби, како и политички напади врз опозицијата.

„Мицкоски политички и идеолошки се формира по ликот и делото на Никола Груевски. Тој е неговиот политички ментор и модел,“ додаде Талевски.

Тој ја постави и клучната дилема: дали Владата работи „тивко и под радар“ на сценарио за амнестија и намерно не поднесува ново барање за екстрадиција.

„Дали Министерството за правда има поднесено ново барање за екстрадиција на Никола Груевски? Барам конкретен одговор – ‘да’ или ‘не’“, порача Талевски.

Претходна вестКатастрофални вести вечерва: Во болницата се носат уште млади ученици – нови 3 деца со тешки симптоми