Младите си заминуваат ќе нема кој да се занимава со земјоделство

213

Младите својата иднина ја гледаат надвор од државата ќе нема кој да се занимава со земјоделство.Производителите на зеленчук и овошје од охридскиот регион велат дека овој тренд на иселување во комбинација со нестабилните цени и откуп може сериозно да придонесат за намалување на земјоделското производство. Голем дел од земјоделските култури изумираат, нема која да ги сади, а селата се празни.

Лошите политики и незадоволството на земјоделците ги бркаат младите од селата, па постои опасност во следните децении да нема кој да произведува храна во земјава.

Години наназад земјоделците алармираат дека поради високите трошоци и ниските откупните цени на производството голем дел од нив се откажуваат од производството, а се помал дел од младите се одлучуваат да работат нешто во земјоделството. Бројките кои ги објави статистика го покажуваат токму овој тренд драматично влошување на состојбата во земјоделството.Освен што има намалување на површините под овошни и полјоделски култури има намалување и на производството, па така кај јаболката намалувањето е за 51,2 %, крушите за 41,2 %,сливите за 46,1 % и праските за 50 %.

претходниот член,Родители на ученик телефонски и’ се заканувале на директорката на училиште во Карпош
Следната статијаВидлива позитивна енергија – Лукаревска во неделна посета на Крива Паланка и Пробиштип: Заедно сме посилни (ФОТО)