Млад скопјанец нападнат од роднини на девојка му во Аеродром

139

Млад скопјанец бил нападнат од роднини на неговата девојка.

–На 25.05.2025 во 22.20 часот во СВР Скопје, С.О.(29) од село Палиград, скопско, пријавил дека околу 21.00 часот на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од Г.А.(59) и Ф.Г., двајцата од Скопје, роднини на неговата девојка, кои притоа му го оштетиле и мобилниот телефон, стои во денешниот полициски билтен.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Претходна вестАлкалоид ќе ги рефундира навивачите за неодиграното финале во ЕХФ Купот
Следна вестНов предлог за примирје во Појасот Газа