Малолетничката од Штип која отишла во училиште и не се вратила конечно ПРОНАЈДЕНА – еве ги деталите

759

Вчера во ОВР Свети Николе, Д.М.(35) од с.Ерџелија, светиниколско, пријавила дека во Штип ја пронашла нејзината ќерка Б.Т.(15) за која претходно пријавила дека не се вратила дома од училиштето во кое учи во Штип.

Повеќе од дневен билтен:

На 09.10.2024 во 23.40 часот во село Ангелци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.П.(22) од село Ангелци. Тој бил осуден на три години и шест месеци казна затвор за сторени кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба“, а било баран по потерница за доиздржување на три години и два месеци од казната. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на казната.

На 09.10.2024 во 01.10 часот на улица „Живко Брајковски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.И.(29) од Гостивар поради сомнение за инволвираност во трговија со дрога и затоа што бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од една година и шест месеци за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на затворската казна.

На 09.10.2024 во 18.30 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија во ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ј.Б.(36) од кавадаречко село. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени две ловечки пушки кои ги поседувал без соодветна документација. Ј.Б. бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 09.10.2024 во 21.40 часот на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.М.(26) од Тетово поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

На 09.10.2024 во 21.30 часот на регионален пат с.Пирок – Тетово, кај селото Долно Палчиште, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишиле од слобода М.А.(21) и Е.Ѕ.(22), двајцата од Боговиње, и Л.И.(20) од с.Синичане. При преглед кај нив и во патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

претходниот член,Ko je fudbalski funkcioner koji je snimao seks sa sudijom?
Следната статијаПрвите фотографии од мерцедесот во кој загинаа четворица млади: Извлечен од реката, мештаните во шок