Полицијата во Хрватска откри измама во која група македонски државјани успеале да извлечат дури 40.000 евра од 87-годишна пензионерка, користејќи лажна приказна дека нејзината ќерка е итно хоспитализирана.
Според информациите, измамниците се претставувале како медицински лица и ја убедиле жената дека се потребни пари за лекување на нејзината ќерка.
Во страв и паника, таа им ги предала парите, верувајќи дека помага во спасување на блиска личност.
Во рамки на истрагата, полицијата привела 25-годишна државјанка на Македонија, за која постои сомнение дека е дел од групата.
По уште две лица активно се трага.
Надлежните служби работат на целосно расчистување на случајот, а граѓаните се предупредуваат да бидат внимателни и да не наседнуваат на вакви телефонски и директни измами, особено кога се користат емоционални манипулации поврзани со здравјето на блиските.




