Лукаревска за денот на Ромите присуствуваше на изложбата на ромски носии во Штип: Нека ви е честит празникот, да продолжиме со еднакви можности за сите

147

По повод Меѓународниот ден на Ромите, 8 април, денеска имав исклучителна можност, во Штип да присуствувам на изложбата на ромски носии. Сабина ми раскажа интересни традиции.

-Единственоста и оригиналноста на ромската култура, традиција и јазик е наше богатство, драгоцен камен во мултиетничкиот мозаик кој што не прави посебни и препознатливи во светот.

-Важно и за почит е учеството на ромската заедница во македонското општество, како конститутивна и конструктивна заедница.

Почитувани припадници на ромската заедница, нека ви е честит празникот. Имајте просперитет и успеси на сите полиња.

-Да продолжиме, заедно, за целосна вклученост, без дискриминација, со еднакви можности за сите.

Претходна вестДиректорот на „Водовод“ во Бор поднесе оставка поради смртта на девојчето Данка Илиќ
Следна вестФорензичари упаднаа на имотот на Драгијевиќ! Изнесени вреќи – ова се најновите детали