Лукаревска: Граѓаните знаат дека СДСМ е опција за безбедна, сигурна и предвидлива иднина

171

Убедена сум дека она што го предвидовме за наредниот мандат во комбинација со она што го сработевме во претходниот, во исклучително тешки околности, ќе биде избор на граѓаните на 8 мај.

Граѓаните знаат дека СДСМ е опција за безбедна, сигурна и предвидлива иднина!

МојДДВ ,која ја воведовме пред речиси 5 години, е уште еден ефикасен механизам за заштита на домашната економија и на државниот буџет, но и мерка преку која вративме близу 150 милиони евра во семејниот буџет на граѓаните. МојДДВ продолжува .

Во 2025 година максималниот износ на поврат ќе го зголемиме на 2.400 денари, во 2027 на 2.700 денари, а на крајот на мандатот во 2028 година тој ќе изнесува 3.000 денари во едно тромесечие.
Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ нè охрабрија преку оваа мерка и понатаму да ги враќаме парите назад кај граѓаните .

Во програмата предвидуваме и низа мерки со кои сакаме да испратиме порака до младите дека СДСМ мисли и се потпира на нив.

Со гордост го најавуваме проектот „Грижа за младите“ кој подразбира:

-по 200 евра во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години и

-Станови за млади брачни парови до 29 години во чија откупна цена, дел од сумата ќе биде субвенционирана од Владата.

Зацртавме и изградба на нови социјални згради во Штип и во Прилеп.

Поддршка на македонското земјоделство , капитални инвестиции, развој на туризмот, унапредување на спортот, се само дел пд реформите во “Програмата за европска иднина”.

Преку сојуз со граѓаните до просперитетно, напредно, модерно и 🇪🇺општество.

Заедно, затоа што нема откажување од иднината.

претходниот член,Николовски: Најавувам историски, европски раст и пресврт во земјоделството 2024-2028
Следната статијаПронајдена Македонката која беше исчезната – ова се деталите