Голема трагедија. Животот го загуби млад маж, имаше само 28 години. Голема трагедија во скопско.
Дваесет и осумгодишник со иницијали М.Д. од скопското село Елово, викендов бил пронајден мртов во објект во селото Маркова Сушица лоцирано во околината на Скопје.
Телото на момчето веднаш било предадено на обдукција, по што е констатирано дека смртта настанала како последица од струен удар.
Случајот е пријавен во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје во петокот, 12 јануари.
Веднаш е направен увид на самото место. Повеќе информации за оваа вест се очекува во текот на неделата.