Трочлено семејство од Босна и Херцеговина е пронајдено мртво утрово во нивната куќа во Чачак, Република Србија.
Полицијата и брзата помош потврдиле дека станува збор за насилна смрт. На местото на настанот бил пронајден нож, а куќата е целосно обезбедена за да не се уништат траги и докази.
Форензички тим во моментов собира докази, но засега не е јасно дали станува збор за семејна трагедија, двојно убиство со самоубиство или напад од трета страна.
Деталите ќе станат познати по завршување на истрагата.
Соседите за српските медиуми изјавиле дека семејството било мирно и тивко, без проблеми со околината.



