Лошата вест брзо се поршири: Сите се во шок и неверување по она што го направил, тие го израснале: Син си ги убил родителите во Хрватска

172

Свирепо двојно убиство е откриено денеска во Славонски Брод, во Хрватска. Полицијата околу 13 часот и 50 минути добила пријава за сомнение за двојно убиство и испратила патрола на терен.

На местото на настанот пронашле мртви тела на две лица – 76-годишен маж и 78-годишна жена. Хрватските медиуми пренесуваат дека 45-годишен маж е уапсен под сомнение за двојно убиство. Според неофицијалните информации, станува збор за синот кој ги убил родителите.

-Бабата и дедото беа многу стари. Бабата секое утро одеше до гробиштата, потоа на миса, а потоа на пазар, каде што собираше овошје и зеленчук и шишиња. Имаа многу тежок живот. Еден од нивните синови почина пред неколку години, вели еден од соседите на семејството, пренесува Индекс.хр.

претходниот член,Судар на автомобил и мотоцикл во центарот на Скопје, тешко повредено едно лице
Следната статијаАгелер: Воодушевена сум од најавата на Мицкоски и министрите дека ќе се заколнат со Северна Македонија