ЛОША вест ја потресе Македонија

2846

Младо момче на 22 години се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне во Скопје, во населбата Ѓорче Петров.

Според информациите од Министерство за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 20 април околу 15:45 часот на улицата „Ѓорче Петров“. Во судирот учествувале патничко возило „фолксваген голф“, управувано од М.Н. (43) од село Крушопек, и мотоцикл управуван од А.Р. (26) од Скопје.

Во незгодата, сопатникот на мотоциклот, Б.М. (22) од Скопје, се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот на мотоциклот се здобил со полесни повреди. Повредените биле пренесени и згрижени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од страна на увидна екипа на СВР Скопје, а се работи на утврдување на причините за несреќата.

Претходна вестПолитичка бомба: Никола Груевски има два нови пасоши – од две европски земји