Лицата заболени од ретката болест Вилсон и годинава апелираат да се направи нешто повеќе за дијагностицирање и контрола

103

Да се зборува за тоа како е да се живее со ретка болест, И кои се последиците од неа е пораката од денешниот хуманитарен настан посветен на лицата со болеста Вилсон, а во спомен на згаснат мал живот кој што ја загубил битката со оваа болест.

Ања Босилкова Антовска од Вилсон Македониај посочи дека се среќни што терапијата постои веќе неколку години но, сепак институциите треба да ги подобрат условите за дијаГноза и третман.

„Од друга страна она што лани го зборувавме за потребата од основната дијагностичка мерка, годинава е се уште проблем, бувкално ништо не се смени во оваа последна година и повторно апелираме до институциите да се најдат услови да се овозможи оваа основна мерка за контрола на урина која навистина многу значи ви процесот на дијагноза и во процесот на контролирање на болеста бидејќи кога станува збор за вилсон терапијата е онаа која што ја спасува болеста.“ – Ања Босилкова Антовска Вилсон Македонија.

Болеста Вилсон најчесто се појавува над 15 години, таа е наследна болест. Ања Босилкова Антовска апелира доколку дете има здрав живот и има проблеми со црниот дроб или мозокот, треба веднаш да се помисли на оваа болест и да се оди на контрола.

„Меѓутоа кога се појавуваат одредени нејасни симптоми поврзани со црниот дроб или со мозокот значи одредени невролошки моторни нарушувања секој необјаснет симптом може да значи вилсон и главната порака е дека кога на пример гледаме дека кај дете што води здрав живот има проблем со црниот дроб треба да се помисли на оваа болест значи тие се главните работи неојвбасливи симптоми поврзани со црниот дроб па и невролошки нарушувања.“ – Ања Босилкова Антовска Вилсон Македонија.

Бројката на заразени од Вилсон во Македонија е околу 40 лица.

претходниот член,СТРАШНО: Со скалпел го исекол на вратот, обид за убиство на малолетник во тетовско
Следната статијаРусија соборила 125 украински беспилотни летала на нејзина територија