ЛДП со услов до СДСМ: Сакаме ТРИ добитни пратеници – или излегуваме од коалицијата?

342

Либерално демократска партија, која важи за крајно блиска на СДСМ, ги пренела своите очекувања за парламентарните избори, каде од наши извори, блиски до партијата дознаваме дека побарале три „добитни“ пратенички мандати.

Во се уште актуелниот пратенички состав, ЛДП има свои двајца претставници во Собранието, Моника Зајкова и Боби Мојсоски, но амбициите сега се поинакви, поради што бараат уште најмалку едно добитно место.

Моника Зајкова на изминатите избори беше на четвртата позиција во ИЕ1, додека Боби Мојсоски влезе како 7-ми од ИЕ5. Сега, тие се надеваат на подобри позиции, како и на уште едно добитно место.

Претседателката на ЛПД, Зајкова е во „игра“ да биде на втората позиција во ИЕ2, каде носител ќе биде екс-премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Најмалку до шесто место (во игра петто) во ИЕ5, се барањата на ЛДП, каде повторно би се нашол Боби Мојсоски. Изненадувањето односно третиот пратенички мандат кој го бараат од Либерално демократска партија е за Ристо Пенов, актуелниот министер за локална самоуправа, кој би можел да добие добитна позиција во ИЕ 2 или ИЕ3.

До крајот на месец март, овие листи веќе и официјално би требало да бидат потврдени од самите партии.

Претходна вестИ тоа се случи кај нас: Во битолската болница се степле лекарки, двете психијатарки
Следна вестУЖАСНА ВЕСТ: Тешка сообраќајна несреќа на патот Штип – Велес, едно лице почина