Ковачевски само што кажа: Да, Лукаревска ќе биде носителка на листата на СДСМ – ова се деталите

250

На два дена пред партискиот конгрес на кој СДСМ ќе треба да ги потврди пратеничките листи со 120 кандидати за сите шест изборни единици, во владејачката партија се уште не ги знаат ни носителите. Ниту лидерот Ковачевски не сака ги открие неговите фаворити со кои ќе ја бара довербата од граѓаните на 8 мај. Покрај неговото име што веќе е познато, како носител во Првата изборна единица, тој денеска ја потврди само Лукаревска како носител од редовите на СДСМ.

Според неофицијалните информации кои се пласираа до пред една недела како носител во втората единица се споменуваше токму Лукаревска, но последните денови за таму се споменува и името на Оливер Спасовски, кој инаку беше најавуван за Тројката. Во Четворката се очекува Венко Филипче, во Шестката Славјанка Петровска.

Носителите на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски во Првата, Мисајловски во Втората, Ковачки во Третата, Николовски во Четвртата и Дафина Стојановска во Шестата ќе бидат потврдени пак, на партиски настан на 31 март. До тогаш партијата треба да го објави името и на носителот во Петтата изборна единица.

Денеска и од коалицијата на албанската опозиција објавени имињата на носителите, повторувајќи ги и условите за постизборно коалицирање за формирање на Влада.

За ДУИ веќе се шпекулираа имињата за Единицата – Талат Џафери или Блерим Беџети, за Двојката Арбер Адеми, за Шестката Али Ахмети. За петтата изборна едница ДУИ биле расположени носителот да го одреди Зијадин Села, но тој засега не де дел од коалцијата на интегративците.

Претходна вестФизички нападнат новинарот Фуркан Салиу, во моментот дава изјава во полиција – од целиот настан има и ВИДЕО
Следна вестЦИВИЛ МЕДИА: Ниту генерал, ниту министер: Драган Ковачки, ефикасен само како бегалец од судски соочувања