Катастрофални вести вечерва: Во болницата се носат уште млади ученици – нови 3 деца со тешки симптоми

57

Се зголемува бројот на хоспитализирани ученици од основното училиште Димо Хаџи Димов од скопско Влае. Синоќа во детската клиника во Скопје биле примени нови 3 ученици со слични симптоми како останатите дијареа, повраќање и покачена телесна температура.

Првичните епидемиолошки анализи покажуваат дека станува збор за труење – смета директорот Мемеди. Од Институтот за јавно здравје пак, велат дека анализите од земените мостри кои ќе бидат готови утре ќе кажат дали станува збор за труење или нешто сосема друго.

Директорката на Институтот Андонова вели дека земени се примероци од храна, млеко, мусли, мусака со месо и кроасан, вода од повеќе чешми како и брисеви од училниците и кујната.

Симптоматично е што дел учениците со здравствени тегоби воопшто и не ја користеле кујната.

Од Училиштетото „Димо Хаџи Димов“ велат дека денеска немало знаци на труење кај учениците. Во поголем дел од се оддржувало настава. Градоначалникот на Карпош Сотир Лукровски апелираше да не се злоупотребува настанот за ширење паника. Стомачни тегоби деновиве вели имам и јас.

Вчера над 40 ученици од училиштетот Димо Хаџи Димов во скопско Влае се пожалија на стомачни тегоби и дијареа. Меѓу нив и синот на премиерот Христијан Мицковски.

Претходна вестОткако им кажаа дека ќе ги намалат пензиите, СУПЕР вест за пензионерите – после ова сите ќе бидат задоволни
Следна вестМногу негови обожаватели ќе бидат среќни: Никола Груевски се враќа во Македонија?