Калина Стефкова најдобра пионерка на таеквондо турнирот Корио Опен Скопје 2024

604

Во неделата во Скопје се оддржа одлично организираниот Корио Опен под покровителство на Македонската Таеквондо Федерација.

На турнирот учествуваа повеќе од 300 учесници вклучувајки и натпреварувачи од 5 балкански држави.

ТК Младост од Скопје за кој настапува Калина Стефкова учествуваше со 30 натпреварувачи во сите категории и предводени од одличниот тренер Стефан Миленковски освоија вкупно 28 медали од кој 10 златни медали,11 сребрени и 7 бронзени освојувајки го високото 3 место во вкупниот пласман на турнирот.

За најдобра пионерка е прогласена Калина Стефкова на која и се предвидува светла иднина во таеквондо спортот.

претходниот член,Пејачот Амар Исмани е починатиот во пукањето на „Пластичарска“
Следната статијаАфрим Гаши избран за претседател на Собрание