Измамен 90 -годишник од Кочани – требало да добие огревни дрва, а останал и без парите и без дрва

185

На 20.03.2024 во 13.13 во СВР Штип 90 – годишник од Кочани пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 14.000 денари.

Според пријавеното, околу 12:40 часот во неговиот двор влегло машко лице и му понудило огревно дрво по цена од 4.000 денари за метар кубен. Како што е пријавено, откако се договориле тој му ги дал парите, по што лицето заминало и не се вратило со дрвата, по што сфатил дека е измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестУтре е младенци – Ова се обичаите кои треба да ги направат младите брачни парови на овој голем празник
Следна вестТешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп – Градско: Во прекин сообраќајот