Испланирајте на време: Следуваат три продолжени викенди – објавена е најновата листа

684

Следниот неработен ден е 1 мај (петок) Денот на трудот, потоа доаѓа 24 мај (недела) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден, со што во мај имаме два продолжени викенди за сите граѓани.

Но за православните граѓани неработен ден е и 29 мај кој се паѓа во петок, со што се добива уште еден продолжен викенд.

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2026 година неработни денови се:

За сите граѓани на РСМ

• 1 мај (петок), Ден на трудот

• 24 мај (недела) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители, односно 25
мај (понеделник) е неработен ден,

• 2 август (недела), Ден на Републиката, односно 3 март (понеделник) е неработен ден,

• 8 септември (вторник), Ден на независноста,

• 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е
неработен ден,

• 23 октомври (петок), Ден на македонската револуционерна борба,

• 8 декември (вторник), “Св. Климент Охридски”.

Претходна вестЦела школа ја испрати Наташа во вечниот дом (18): Матурантката загина во страотна несреќа – возачот бил под дејство на алкохол