Иран се закани: Ако САД им дадат поддршка на Израел, ќе напаѓаме американски бази

218

Иранските власти испратија порака до официјален Вашингтон преку Швајцарија, предупредувајќи дека американските бази ќе бидат цел на ирански напади доколку САД ја поддржат израелската одмазда за синоќешните воздушни напади на иранските вооружени сили, објави денеска иранската државна телевизија.

Иран, исто така, го предупреди Израел дека ќе биде изложен на поголем напад доколку се одмазди за ноќните напади, пишува Тајмс оф Израел.

„Ако Израел возврати на Иран, нашиот одговор ќе биде многу посилен од синоќешните воздушни напади“, изјави началникот на Генералштабот на иранската армија, генерал-мајор Мохамад Багери.

Тој повтори дека Техеран го предупредил Вашингтон дека каква било поддршка за израелската одмазда ќе резултира со напади врз американските бази.

претходниот член,Изреал покажа моќ: Пресретнавме 99 отсто од 300 проектили
Следната статија12 години никаде го нема Ангел – киднаперите отслужија казна затвор и се преселија во Словенија