Имал договорени свирки до крајот на јануари: Почина познатиот македонски пејач – колегите се простуваат од него на социјалните мрежи

412

Естрадата, но и македонската јавност се во тага и неверување, откако почина пејачот за кого сите велеа дека има златно грло.

Колегите се простуваат од македонскиот пејач и музичар Златко Милошевски – Злате.

Тој соработуваше со бројни познати имиња од домашната естрада која со шок и неверување ја прифати веста за неговата смрт.

„Кога би знаеле што не’ чека и што ќе се случи, можеби би можеле да промениме нешто.. Остана само да се сеќавам на убавите денови поминати со музика и дружба.. Многу боли.. Таму горе да пееш со тоа златно грло, да грмиш како што грмеше и на нашите свирки.. Нека ти е светол патот до вечноста“, напиша на „Фејсбук“ пејачката Милица Кузмановска.

Популарниот Злате веќе имал закажано настапи до крајот на месец јануари, како и за февруари.

Причината за смртта не е позната во јавноста.

Бонус видео: Манастир бил реновиран и направен ресторан за свадби – невестата и младоженецот првата брачна ноќ ја поминаа во болница.

Претходна вестТага, жал и неверување – Почина Тони Димитровски
Следна вестБајрами Селма вратена од српска граница, доби забрана за влез затоа што вееше орли на настап