Има ли спас: Вечерва 5-годишно дете почина на Детската Клиника – трет случај во краток период

19673

Нема крај на лошите вести од здравството кои ја потресуваат целата македонска јавност. Според најновите информации, вечерва починало 5-годишно дете, објави Мак Здравство на Фејсбук.

Шокантен развој на настаните: 3 смртни случаи по ред на Детската Клиника!

Вчера, 5-годишната Сумеја го загуби животот на Детската Клиника, што претставува третиот смртен случај по ред во изминатиот период. Овој трагичен настан доаѓа само неколку дена по претходните смртни случаи на други деца, што сериозно ја поткопува довербата во здравствениот систем.

Според нашиот извор од МЗ, постојат сериозни сомнежи дека раководството на Клиниката за педијатрија се обидува да го прикрие овој случај од јавноста. Иако Сумеја починала под контрола на медицинскиот персонал, недостатокот на транспарентност и обидите за прикривање на деталите ја зголемуваат загриженоста кај јавноста.

Со овој трети случај по ред, јавноста има право да знае што точно се случува на Клиниката за педијатрија.

претходниот член,Ова е Никола (18) кој загина: Се судрил со комбе кога бил на моторот, починал на лице место
Следната статијаИма и повеќе Македонци: Мега-операција на Интерпол, уапсени 2500 лица