Д-р. Беќаровски откри како за две недели ослабнал 10,5 килограми и побуди голем интерес

11081

Докторот токсиколог Нико Беќаровски на својот фејсбук профил изминатиот период со своите објави за диета заинтерсира многумина, па денес реши да сподели како тоа му успева:

Овие два дена повеќе од 700. Фб пријатели ми испративте пораки со барање да Ви го препратам диететскиот режим со кој за две недели ослабев 10,5 kg.

Ви благодарам за навистина огромниот интерес, длабоко Ви се извинувам што не можев на сите поединечно да Ви одговорам и дозволете уште еднаш да Ве информирам дека целиот протокол ќе биде јавно објавен по завршување на целиот 28-дневен режим, односно по 11 ноември, најпрво во емисијата “Фактор здравје” кај Билјана Дебарлиева, а линкот ќе биде поставен и на мојот профил.

За сите нестрпливи еве ги десетте базични принципи на овој ефикасен сублимиран диететски режим:

✓ Зголемен внес на белковини
✓ Зголемен внес на растителни влакна
✓ Намален внес на масти и максимална редукција на ј. хидрати
✓ Внес на 2.5 до 3.5 литри вода
✓ Постепено намалување на временскиот прозорец за внес на храна
✓ Најмалку 55.000 чекори неделно
✓ Утрински безкалориски бустер на цревната функција.
✓ Ограничување и постепена редукција на дневниот калориски внес
✓ Комплетно исфрлање на алкохолни и газирани безалкохолни пијалоци во сите 28 дена.
✓ Лабораториски скрининг пред почнување, 14 и 28 ден.

Секако дека протоколот мора да е индивидуално прилагоден, според животните навики, работното време биоритамот, возраста и полот.

Многу, многу повеќе, со конкретниот мој режим по 11-ти Ноември.

Претходна вестДРАМА во Скопје: Полицијата му побарала лична карта – тој скокнал во Вардар
Следна вестМенаџерката на хотел „Манастир“ каде што имаше пожар се огласи со голема радост и сподели