Супер талентираниот Христијан Симоновски ќе биде претставник на Македонија на Светскoто првенство во таеквондо за јуниори во Чунчеон, Јужна Кореја.

Македонската Таеквондо Федерација е главен покровител за учеството на овој светски настан на кој нашиот репрезентативец предводен од тренерот Стефан Миленковски ќе атакува на највисок можен пласман.

Му посакуваме успех и во најдобро светло да ја преставува државата и Македонската Таеквондо Федерација.



