Гувернерот на ЦБ во Косово им наредил на филијалите за брзи кредити да ги вратат парите на граѓаните

6580

Веќе неколку денови во Македонија главна тема е емисијата „Украдени животи“ на ИРЛ, поврзана со брзи кредити, како со лажни лични карти се земени пари на туѓи имиња и како филијалите на брзи кредити буквално го „ограбуваат“ народот со високите камати, а дел од нив и не се законски.

Екипата на ИРЛ за оваа емисија, биле и во Косово, каде имале разговор со поранешниот Гувернер на Централна Банка на Косово, Фехми Мехмети.

Во разговор за колегите од ИРЛ, Мехмети открива како во Косово започнале да функционираат брзите кредити. Таму властите, заедно со Централна банка во Косово, добиле информација и дека филијалите земаат депозити од луѓето.

Тоа значи дека голем број луѓе оставале пари таму, со цел брзо да ги дуплираат, но информациите на службите откриле и дека е можно со сите тие пари, филијалите да исчезнат од земјата, па граѓаните да ги загубат своите финансиски средства.

Затоа, тој како Гувернер на Централна Банка на Косово, им наредил на филијалите на брзи кредити веднаш да ги вратат сите пари на граѓаните. Сето ова одело и на меѓународни судови, каде како победник излегле од Централна Банка на Косово.

Воедно, по овој настан, на две филијали, најголеми во тој момент во Косово им се одземени лиценците за работа.

Целото сведоштво може да го погледнете во Поткастот на ИРЛ, наречен „Измамени и ограбени“:

Претходна вестБрзите кредити во Македонија не смеат да нудат рефинансирање на кредит – забрането е со закон
Следна вестПрв потврден случај на африканска чума кај свиња во охридското село Лакочереј