Брзите кредити во Македонија не смеат да нудат рефинансирање на кредит – забрането е со закон

8904

Голема прашина крена најновата емисија на ИРЛ под името „Украдени животи“. Во самата емисија се открија многу работи, за тоа како со лажни лични карти и крадени идентитети, се земале брзи кредити на туѓи имиња, а потоа вистинските лица морале да го враќаат долгот, кој не е нивни.

Два дена подоцна, четворица новинари од ИРЛ, во поткаст поврзан со емисијата, разговараат за тоа низ што се поминале, додека собирале податоци за емисијата.

Човек задолжен во брзи кредити, при разговор со нив, открил дека имал понуда за рефинансирање, што е забрането со закон.

Рефинансирањето ти овозможува наводно „нов“ кредит, но всушност тие со неговите пари првично го затвораат кредитот, со сите давачки, а потоа има нов кредит, со уште поголема камата и повторно високи давачки.

Како што кажаа и самите новинари од ИРЛ, ре-финансирањето на брз кредит од иста филијала во Македонија законски е забрането.

Целиот поткас може да го проследите во продолжение:

Претходна вестЗимскиот одмор се претвори во трагедија: Татко и син загинаа на скијање
Следна вестГувернерот на ЦБ во Косово им наредил на филијалите за брзи кредити да ги вратат парите на граѓаните