Група вооружени разбојници упадна во ресторан: Над 100 гости држени на нишан, едно лице тешко повредено – полицијата ги уапси

4020

Група вооружени разбојници упадна во ресторан: Над 100 гости држени на нишан, едно лице тешко повредено – полицијата ги уапси

Вистинска драма се одвивала во ресторан во Крагуевац, кога група вооружени млади лица влегла во објектот и под закана со пиштол почнала да ги истерува гостите.

Според сведоци, агресивното однесување траело околу половина час, при што присутните биле видно исплашени и затечени од случувањата.

Во текот на инцидентот, едно момче било удрено со стаклено шише во главата и се здобило со тешки телесни повреди.

Настанот бил снимен од безбедносните камери во локалот, а снимките се предадени на полицијата за понатамошна постапка. Во моментот на инцидентот, во ресторанот имало повеќе од 100 гости.

Полицијата излегла на терен и привела три лица, осомничени за учество во нападот, против кои ќе следуваат соодветни пријави.

Претходна вестТешка акција на едни од најдобрите пожарникари во Македонија
Следна вест(Видео) Гори Тирана: Снимките кои се појавија на социјалните мрежи ги загрижија сите