Од УХМР јавуваат дека времето денес ќе биде променливо облачно, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла.
Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд.
На планините врнежите ќе преминуваат во снег.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во Скопје, променливо облачно и тивко со појава на магла.
Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд.




