Голема трагедија ја потресе Македонија: Безживотно тело пронајдено во водите на Вардар

4328

Лошата вест брзо се прошири. Голема трагедија ја потресе државата и главниот град Скопје.

Попладнево, околу 14:30 часот, случајни минувачи забележале безживотно тело во реката Вардар, недалеку од селото Уланци, и веднаш ја известиле територијалната противпожарна единица во Велес.

Пожарникарите излегле на терен и со едно возило и двајца спасители успеале да го извлечат телото од водата.

По интервенцијата, телото било предадено на надлежните служби за понатамошни постапки.

Јавната обвинителка Цветанка Богоевска од Основното јавно обвинителство Велес потврди дека се преземени првични истражни мерки, а наредена е обдукција за утврдување на идентитетот и причините за смртта.

Претходна вестСтефани пронајдена мртва во Словенија
Следна вестСтраотна сообраќајна несреќа ја потресе Македонија, едно лице го загуби животот